ВИДЕО: Тежок инцидент на македонскиот амбасадор во Данска

Тежок инцидент направил македонскиот амбасадор во Кралството Данска, Наим Мемети, пишува порталот на албански јазик „Журнал“.

Според овој медиум, амбасадорот Наим Мемети, им се заканувал по животот на една жена и на нејзините деца.

Во новинска агенција „Журнал“, една жена косовска Албанка, која живее во скандинавските земји, пријави шокантен и скандалозен случај, односно како сегашниот амбасадор на Македонија во Данска, Наим Мемети, ја злоупотребува функцијата, вршејќи насилство, закани и уцени врз жители каде што тој ја извршува функцијата амбасадор.

Овој пријавен случај покажува како амбасадор на Република Македонија, кој ја претставуваат нашата земја во странство, наместо да ги врши своите дипломатски обврски и да се подигне вредноста на државата, како и нејзиниот имиџ, тој ја злоупотребува својата функција со примена на насилство, закани и уценувајќи жени во државите каде што ја извршува функцијата амбасадор.

Понатака во текстот пишува дека новинската агенција „Журнал“ направила ексклузивното интервју со жената која го пријавила случајот, а која моментно сака да остане анонимна поради безбедносни причини. Таа во ексклузивното интервју, кое „Журнал“ најавува дека целосно ќе го објави во наредните денови, сака да го предупреди македонскиот министер за надворешни работи, Никола Димитров, како и претседателот на Македонија, Ѓеорѓи Иванов, по објавувањето на целосното интервју, итно да преземат мерки за да го расветлат целосно случајот, како и да преземат мерки против актуелниот амбасадор на Македонија, Наим Мемети.

„Журнал“ се обидел да го контактира амбасадорот на Македонија во Данска, но тој бил недостапен за да им даде објаснување за овој случај.

Инаку, овластениот амбасадор на Македонија во Кралството Данска, е Наим Мемети правник од Тетово, кој долго време работел во Владата на Република Македонија, а доаѓа од редовите на Демократската унија за интеграција.