Иранскиот претседател објави крај на Исламската држава

Иранскиот претседател Хасан Роухани објави во вторникот крај на ултрарадикалната сунитска организација Исламска држава, во обраќањето до јавноста пренесуван на јавниот сервис на земјата во којашто доминира шиитскиот ислам.

Високиот командант во иранската Револуионерна гарда, генералот Касем Сулејмнаи, исто така, прогласи крај на Исламската држава во пораката испратена во вторникот до врховниот водач ајатолахот Али Хамнеи, која го објави воениот информативен сервис.

Сулејмани командува со силите Кудс, единици на Револуционерната гарда кои се задолжени за операции надвор од иранските граници. Минатата седмица иранските медиуми објавија фотографии на генералот Сулејмани од источниот сириски град Абу Камал, кој беше последната територија која Исламската држава во таа област ја контролираше пред да биде ослободена.

Револуционерната гарда, најмоќната воена сила во Иран која има економски систем од милијарди долари од кој се финансира, изминатите години се бори на страната на сирискиот претседател Башар ал-Асад, кој потекнува од алавитската зедница, фракција на шиитскиот ислам. Исто така, нејзини борци беа вклучени во борбите со сунитските џихадисти во соседен Ирак, каде што, исто така, се доминантни се шиитите.

Западните агенции проценуваат дека повеќе илјади припадници на гардата, вклучително и команданти, загинале на боиштата во Ирак и Сирија изминатите шест години.