Kошаркарската реперзентација на Mакедонија со победа на гости (74:66) во Словачка ги започна претквалификациите за Европското првенство во 2021.
Македонската селекција оствари победа во дуелот со главниот ривал за првото место во групата и ги отвори вратите за пласман во главните квалификации.
Одлична игра прикажаа репрезентативците, во прв ред, во одбраната и практично за само едно полувреме го скршија отпорот на домаќинот. Словачка се закани единствено на стартот на последната четвртина, но Македонија го потврди квалитетот кога беше најпотребно.
Одлична партија прикажа Ричард Хендрикс со 21 кош, 14 скокови, 4 освоени топки и 2 блокади. Војдан Стојановски додаде 20 поени со шест асистенци, а по осум постигнаа Ѓуровски и Дамјан Стојановски.
Во вториот меч од претквалификациите Македонија во недела ќе ја пречека Швајцарија, која важи за аутсајер во групата, па со евентуален триумф би се направил значаен исчекор кон главната квалификациска рунда.