
Триесет и шестгодишната З.Р. и нејзиниот шетгодишен син во петокот околу 14,30 часот биле нападнати и искасани од куче на улицата „Перо Наков“ во Скопје.
Како што информираат од полицијата, случајот кај нив бил пријавен од страна на сопругот и татко, 43-годишниот Р.А.
Детето било искасано од кучето во пределот на левата рака при што му биле нанесени видливи повреди, додека мајката бил искасана во левата нога со нанесени гризнатини и крварење.
На повредените мајка и син им била пружена лекарска помош од екипа од Итна медицинска помош, по што биле упатени на Клиниката за инфективни болести.
Според очевидци се работи за куче скитник, а по пријавата на случајот полицијата ја известила шинтерската служба на Град Скопје која излегла на терен и го заловила кучето кое е пренесено во „Вардариште“.