Времето во Македонија облачно и магловито, сообраќајот се одвива нормално

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно, по котлините магливо. Во вечерните и ноќните часови, во западните и северните делови ќе има врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер, кој во западните делови повремено ќе засилува.

Температурата ќе се движи од шест до 14 степени.

Во Скопје ќе биде претежно облачно. Ќе дува слаб до умерен југозападен ветер.Температурата ќе достигне до осум степени.

Под влијание на јужно струење во наредните денови температурите ќе бидат релативно високи. За време на викендот ќе бидеме под влијание на нов влажен бран со врнежи од дожд кои ќе бидат пообилни во сабота. Од недела ќе има опаѓање на температурите и повремени врнежи од дожд и снег.

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по претежно суви коловози, освен на осојничавите места.  Намалена видливост од 100 до 150 метри, поради магла, има на патните правци Катланово-Велес, Удово-Гевгелија, М.Каменица-Делчево-Берово и Струмица.

На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината  спрема условите на патот. Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.

ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C) ПУНКТ Т(°C)
К.Паланка +3 Струга +5 Кочани +1
Страцин +3 Ресен +2 Делчево -3
Куманово -2 Крушево / Смојмирово -2
Маџари -3 Кичево +4 Струмица -2
Тетово -1 М.Брод +2 Велес -2
П.Шапка -4 Буково +3 Неготино 0
Гостивар +1 Ѓавато 0 Д.Капија 0
Стража +1 Плетвар +4 Удово -2
Маврово +2 Пресека +5 Гевгелија /
Дебар +2 Железнец +5 Кула -1
Битола +7 Штип -1 Петровец -3
Прилеп +4 Сарамзалино 0
Охрид +4 Павлешенци +3