Кајакарската патека на Матка, е подготвена за традиционалниот Илинденски кајакарски слалом , кој ќе се одржи на 12 и на 13 април.
На 46. издание на ИКАС, најавени се натпреварувачи од повеќе од 10 земји, а меѓу нив ќе бидат и нашите репрезентаивци Атанас Николовски, Игор Стефановски, Борче Мирчевски, Иван Делиев, Огнен Бражански, Александар Златаров, Вили Јорданов, Димитар Велков и уште неколку млади кајакари.
Засега, сите учесници го потврдиле своето присуство, а натпреварувачите од Турција веќе се пристигнати.
„Сакаме да го поттикнеме спортот и спортскиот туризам во земјава, да се актуелизира Матка како дестинација, бидејќи навистина тоа и го заслужува“, вели Николовски, но сепак посочи дека на кајакарската патек и’ треба доуредување, за да стане дел од туристичката понуда на градот.
Нашиот репрезентативец Николовски, годинава ќе има можност по шести пат да го освои турнирот и со тоа да стане рекордер по бројот на победи на ИКАС.
Од 27 јуни до 6 јули Кајакарската федерација ќе го организира Европското првенство за јуниори и за сениори до 23 години.