Сончево со локална облачност и релативно топло за овој период од годината ќе биде времето денеска во Македонија.
Според прогнозите, до среда ќе се задржи ваквото стабилно и суво време. Во вторник и во среда наутро ќе има магла по одделни котлини. Веќе од четврток ќе има зголемена облачност со врнежи од дожд во западните делови и снег на планините. Во петок врнежите ќе бидат помали, но ќе биде постудено и се очекува слаб снег на одделни места и на повисоките места, особено на запад.
Температурите утре ќе се движат од -4 наутро до 16 степени преку ден.
Во Скопје слично време со минимална температура од -1 степен и дневна до 13 степени.
Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно по суви коловози. На повисоките и осојничави места коловозите се наместа влажни.
На одредени правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони. ЈП „Македонијапат“ апелира на внимателно возење и прилагодување на брзината спрема условите на патот.
Дежурните екипи на ЈП „Македонијапат“ се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.
ПУНКТ | Т(°C) | ПУНКТ | Т(°C) | ПУНКТ | Т(°C) |
К.Паланка | 0 | Струга | -2 | Кочани | +1 |
Страцин | +1 | Ресен | -3 | Делчево | -2 |
Куманово | -1 | Крушево | -2 | Смојмирово | / |
Маџари | -3 | Кичево | -3 | Струмица | -1 |
Тетово | -3 | М.Брод | -3 | Велес | -1 |
П.Шапка | -3 | Буково | -1 | Неготино | 0 |
Гостивар | -4 | Ѓавато | -3 | Д.Капија | 0 |
Стража | -2 | Плетвар | +2 | Удово | +3 |
Маврово | -4 | Пресека | +1 | Гевгелија | +8 |
Дебар | +1 | Железнец | 0 | Кула | -2 |
Битола | +2 | Штип | +2 | Петровец | -3 |
Прилеп | +1 | Сарамзалино | 0 | ||
Охрид | -3 | Павлешенци | +2 |