Пенeзиќ ја завршува кариерата по крајот на сезоната

Со крајот на оваа сезона завршува и нејзиниот договор со Вардар, Андреа Пенезиќ којашто во македонскиот шампион пристигна во 2014 година, најверојатно ќе ја зарши кариерата.

Една од најдобрите ракометарки на Вардар, Андреа Пенезиќ најверојатно ќе се збогува со ракометот по завршувањето на оваа сезона.

32-годишната Пенезиќ во интервју за ТВ Арена изјави дека во јуни ќе ја заврши кариерата со цел да се посвети на други моменти од животот. Хрватската ракометарка планира да му посвети повеќе внимание на семејството и да ги доврши студиите.

Со крајот на оваа сезона завршува и нејзиниот договор со Вардар. Пенезиќ во македонскиот шампион пристигна во 2014година.

Пенезиќ посакува кариерата да ја заврши со трофејот од Лигата на шампионите. Вардарки играат во најдобра форма во моментов и важат за едни од најсериозните кандидати за освојување на европскиот трон.