Во соопштението на Апелациониот суд Скопје од понеделникот се наведува дека Советот ги потврдил решенијата на Кривичниот совет од Основниот суд Скопје 1 Скопје, со кои овие осомничени остануваат во притвор.
Скопскиот Aпелационен суд ги одби како неосновани жалбите на седуммина осомничени за собраниските настани од 27-ми април минатата година.
Претходно, истиот суд донесе одлука со која им се продолжи притворот на екс-министерот Митко Чавков, на оперскиот пејач Игор Дурловски и на актерот Владо Јовановски.
Обвинителството отвори истрага за терористичко загрозување на уставниот поредок и за безбедноста.