Меркел изрази олеснување од прифаќањето на социјалдемократите да преговараат за влада

Германската канцеларка и челничка на Христинско-демократската унија (CDU), Ангела Меркел изрази во неделата вечерта олеснување и задоволство откако неколку часа претходно на вонредниот конгрес во Берлин Социјалчде моркатската партија на Германија (SPD) изгласа почеток на конкретните преговори за формирање на коалициска влада со конзервативците од унијата во којашто влегува и баварската Христијанско-социјална унија (CSU).

Сепак, поради релативно големиот број делегат кои на конгресот на SPD гласа против преговорите 279 со еден воздржан глас, а за гласаа 362, како и отпорот на базата на партијата, се очекуваат макотрпни преговори/

„Задоволни сме од тоа што SPD на својот вонреден конгрес во Бон одлучи да влезе во преговорите за формирање на коалициската влада со Унијата CDU/CSU“, изјави канцеларката Ангела Меркел во партиското седиште на CDU во Берлин, по објавувањето на резултатот од гласењето на социјалдемократите.

Меркел уште еднаш истакна дека Унијата CDU/CSU сака формирање на стабилна влада во Германија. Притоа истакна дека документот кој двете страни го договорите по подготвителните разговори минатата седмица се „рамка“ за коалициските преговори. „Уште многу работа има пред нас“, рече канцеларката којашто очекува официјално да го започне својот четврти последователен мандат.

Хорст Зехофер, претседател на CSU, исто така, изрази задоволство од фактот што SPD сепак се согласи на почеток на конкретни преговори за формирање на новата формација на ткн „голема коалиција“ (ГроКо), и најави можност челниците на трите партии да се сретнат веќе во понеделник за да го разгледаат планот за натамошните преговори.

На вонредниот партиски конгрес челниците на SPD на внатрепартиските противници на преговорите, кои сметаат дека во подготвителниот документ нема доволно социјалдемократски елементи, им ветија дека тоа ќе биде променето во текот на самите преговори. Уште претходно беше договорено на крајот од преговарачкиот процес дека коалицискиот договор мора уште со непосредно гласање да ги прифати и партиската база на SPD.

Меѓутоа, од самата Унија CDU/CSU доаѓаат сигнали дека споменатиот документ ќе биде основа за натамошните преговори за владината коалиција.

„За продолжувањето на преговорите како основа важи она што на почетокот од разговорите го договоривме. Мена да мина никакви дополнителни промени“, изјави во неделата вечерта потпретседателот на CDU, Томас Штробел.