Станица во лондонското метро затворена поради опасност од гас

Станицата на лондонската подземна железница „Черинг Крос“ затворена е во вторникот утрото поради големо истекување на гас во околината, што ја наведе полцијата да евакуира стотици лица од блискиот хотел и ноќен клуб, сопшти операторото на метрото во британската престолнина и противпожарната служба.

Се очекува дека железничкиот сообраќај во метрото во Лондон ќе биде продолжен околу пладне

„Приближно 1.450 лица се евакуиран од блискиот хотел и ноќниот клуб“, објавија лондонските пожарникари, додавајќи дека ѝ помогнале на полицијата на местото каде што е пукната инсталација за гас во „Крејвен Стрит оф Стренд“.

Противпожарната служба примила дојава околу три часот по полноч и на посочената локација испратила две противпожарни возила, две противпожарни единици за спасување и околу 20 пожарникари. Со опремата за детектирње тие забележале високо ниво на природен гас во атмосферата.