
Откако некој погледнал во лицето на Зора изминале 9.000 години, но сега оваа древна грчка тинејџерка може повторно да ја видиме откако научниците го реконструирале нејзиното лице за да покажат како изгледале луѓето во Мезолитот, околу 7.000 години пред нашата ера.
Останките се откриени уште во 1933 година во пештерара Теопетра, во централна Грција, а девојчето е наречено Авги, односно според грчкиот термин за утро, бидејќи живеело во мугрите на цивилизацијата.
Научниците веруваат дека Зора, врз основа на коските и забите, е на возраст меѓу 15 и 18 години. Има изразена вилица нанапред, поради, како што се верува, џвакањето на животинска кожа за да се претвори во мека кожа, што била честа практиката кај луѓето во тој период, и има намрштен лик.
На прашањето зошто изгледа налутено, професорот Манолис Папагркиракис, кој направил силиконска реконструкција на лицето според одлив во глина, се шегува „За неа невозможно е да не била лута во тоа време“.
Освен тимот на лекари, универзитетот работел и со Оскар Нилсон, шведски археолог и скулптор кој специјализирал за реконструкции.
Можно е Зора да била анемична и да патела од скорбут, а доказите, исто така, упатуваат на проблеми со зглобовите и колковите, поради што ѝ било отежнато одењето, и коишто придонеле за нејзината смрт, велат научниците. Зора е изложена во музејот Акрополис во Атина.
Пештерата Теопeтра се наоѓа во областа Тесалија и првпат била населена пред 130.000 години. Во неа се пронајдени орадија и оружја од периодите на Палеозоикот, Мезозоикот и Неолитот, како и неолитска керамика.