
Четириесет и осум годишниот Г.С. од Скопје вчера околу 19:50 часот бил пронајден мртов во подземните гаражи на булеварот „Партизански одреди“.
Од страна на доктор од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Извршен е увид на местото на настанот, а телото на починатиот е дадено за обдукција.
Полицијата презема мерки за расчистување на настанот.