Мртов маж пронајден во својот дом

Осумдесет и тригодишен жител на гостиварско село во петокот е пронајден мртов во неговаа куќа, а смртта најверојатно настанала од задушувње со чад, информираше во саботата министерството за внатрешни работи.

Во петокот околу 14,30 часот во селото Горна Бањица, гостиварско, во неговата куќа бил пронајден починат 83-годишниот М.Ш.

Од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатирана смрт. Увид на местото извршиле Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Гостивар.

Од извршениот увид било утврдено дека во собата избувнал пожар при што бил опожарен дел од мебелот, а телото и дневната соба биле покриени со чад-црнило.

По наредба на Јавен обвинител телото е предадено за обдукција.