
Фудбалерите на Хетафе приредија своевидна сензација одигрувајќи 0:0 ка водечката Барселона во 23-ти коло од шпанското фудбалско првенство.
Барса против екипата од предградието на Мадрид го одигра најслабиот натпревар сезонава, бидејќи во 90 минути нејзините играчи речиси и да не создадоа стопроцентна шанса за гол. Хетафе се бранеше и на крајот се одбрани и заслужено им откина бод на Каталонците, кои ја продолжија низата на непобедливост во Примера и сега 30 мечеви се без пораз. Ова име е петто реми сезонава, но и втор со ред, бидејќи минатото коло во градското дерби одиграа 1:1 против Еспањол.
Барселона сега има само седум бодови предност пред Атлетико Мадид и 17 повеќе од Реал Мадрид, кој има и меч помалку. Хетафе е на средина на табелата на десеттото место со 30 бодови.
Претходно во неделата Севилја како домаќин ја победи Гирона со 1:0, со голот на Пабло Сарабија во 46 минута Најпријатното изненадување во шампионатот, новиот прволигаш Гирона, во 41 минута имаше пенал, но не го реализираше Адај
Севилја е на шестото место со 36 бодови, додека Гирона е деветта со 31 бод.