
Зборувајќи за усвојување на законот за јазиците, пратеникот на ДУИ, Џеват Адеми во емисијата „Патот кон“ на Алсат телевизија рече дека меѓу двата субјекти од владејачката коалиција СДСМ и ДУИ нема дилема околу донесувањето на Законот за службена употреба на албанскиот јазик .
Нема простор да има било какви промени макар биле тие и козметички. Парламентарното мнозинство ќе го изгласа во третото читање законот исто како што беше изгласано во првото и второто читање. Овој закон е еден од столбовите на оваа политичка коалиција, рече Адеми.