Кандидатот за пратеник од листата на кандидати на ВМРО-ДПМНЕ во првата изборна единица, Диме Спасов, оствари средба со граѓани на Зелен пазар во Скопје.
Спасов ја презентираше изборната програма на ВМРО-ДПМНЕ, и ги покани граѓаните да се информираат за проектите кои се детално образложени во програмата.
Граѓаните го поздравија овој начин на директна комуникација, и поставуваа прашања во однос на погодностите за пензионерите и идните планови на Владата во делот на политиките за вработување.
Средбите со граѓаните низ општините од првата изборна единица, Спасов ги продолжува после изборниот молк.