Во Франција е донесен закон со кој работењето по 18:00 се смета за нелегално.
Секој вработен со закон е задолжен да ги игнорира мејловите за работа од своите шефови по завршувањето на работниот ден. Ова важи и за смартфони.
Целата промена е затоа што воведувањето на нови технологии ги направи вработените достапни во секое време на денот, а ова е спротивно на претходниот договор со синдикатите од 1999-та, со кој беше воведена стриктна 35-часовна работна недела.
Според новиот договор, вработените ќе треба да одолеваат на искушението да го проверуваат материјали од работа на својот мобилен, компјутер и која и да е друга технологија, откако ќе си заминат од работа најдоцна до 18:00.
Освен ова, компаниите мора да се осигураат дека нивните вработени не се под притисок да го прекршат законот.