Воздушните напади на здружените сили на НАТО алијансата врз Србија, односно тогашна Сојузна Република Југославија, започнаа на денешен ден пред 19 години.
На 24.03.1999 година, НАТО го започна бомбардирањето кое траеше 7З дена, а првпат во постоењето на оваа воена алијанса, одлуката за бомбардирање ја спроведоа земјите членки без одобрение на Советот за безбедност на ОН.
Образложението беше дека тогашната држава во која влегуваа Србија и Црна Гора и претседателот на Србија, Слободан Милошевиќ, се виновни за пропаѓањето на мировните преговори во Рамбуе, со кои требаше да се стави крај на воените операции на војската на Србија во Косово. Директен повод беше протерувањето на околу 300.000 косовски Албанци на територија на Македонија.
Во бомбардирањето беа убиени меѓу 1.200 и 2.500 цивили.
Загинаа и 1.031 припадник на војската на Србија, а беа ранети околу 6.000 цивили. Материјалната штета беше проценета на неколку милијарди долари.