На денот на правосудството во саботаа во употреба беше пуштена новата зграда на скопскиот Кривичен суд, односно Основен суд Скопје 1 Скопје, во пристуство на претседатели на судови, судии, адвокати, обвинители.
Иван Џолев, претседател на Кривичниот суд, пред присутните вклучително и новинарите појасни со што располага новата зграда и додаде дека новата зграда значи и нов почеток.
„Кривичниот суд доби нов и репрезентативен објект. Зградата располага со 25 судници, преку 100 канцеларии, подземна гража и современ систем за надзор и компјутерска техника. Зградата која надворешно беше завршена во 2013 година, различни луѓе различно ја доживуваа. Но јас едно ќе кажам: како што би рекол и за човекот. Убавината доаѓа однатре, а не однадвор. Новиот Кривичен суд убавината ќе ја креира однатре. Ние вработените во судот треба да ја смениме сегашната перцепција за судот и граѓаните да го посочуваат како суд на правдата. На невините да им биде овозможена правдата, а да му се суди на криминалот. Кривичниот суд поседува луѓе со интегритет. Имаме нова зграда, за нов почеток“, истакна Џолев.