Протести во Чешка за смена на премиерот

Илјадници луѓе ширум Чешка се собраа на протести против техничкиот премиер Андреј Бабиш, со барање моќниот бизнисмен да поднесе оставка. Протестите вчера се одржаа во 20 чешки града и во престолнината Прага.

Бабиш победи на изборите во октомври лани, но малцинската влада на чело со него не успеа да го помине задолжителното гласање за доверба во парламентот, одржано во јануари, па поднесе оставка.

АП пренесува дека претседателот на Чешка, Милош Земан побарал од Бабиш повторно да се обиде да формира влада, но преговорите кои ги водел за коалициска влада со социјалдемократите, која би ја подржале комунистите пропаднале.

Се наведува дека останатите парламентарни партии не сакаат во влада со со Бабиш затоа што против него постојат две обвиненија за измама, а тој негира дека правел нешто незаконито.
Во минатонеделното интервју за весникот„Првао“, Бабиш рекол дека постои опција за предвремени избори.