До јануари минатата година во светот вкупно имало околу 17.270 нуклеарни боеви глави, од кои приближно 4.400 биле оперативни, покажува годишното истражување на шведскиот Меѓународен институт за истражување на мирот (СИПРИ).
Со најмногу нуклеарни боеви глави располагала Русија. САД имале повеќе оперативни единици.
Русија располагала со вкупно 8.500 нуклеарни боеви глави, од кои 1.800 биле оперативни. САД имале 7.700 – оперативни 2.150.
На трето место, со приближно 300 боеви глави била Франција. Едвај околу десет отсто биле оперативни.
Кина е четврта со 250 боеви главни, ниту една оперативна.
Велика Британија е петта со 225 нуклерарни боеви глави, од кои 160 оперативни.
Тоа се петте официјални нуклеарни сили. Тие се и постојани членки на Советот за безбедност на ОН со право на вето.
Следуваат неофицијалните нуклеарни сили, за кои нема точни податоци.
Пакистан има меѓу сто и 120 нуклерарни боеви глави. Индија располага со меѓу 90 и 110. За Израел се смета дека поседува околу 80 нуклерарни боеви глави.
За Северна Кореја има претпоставки дека располага со меѓу шест и осум нуклерарни боеви глави. Тие не се потврдени.