САД почнале со производство на нови нуклеарни боеви глави

Во американската сојузна држава Тексас започнале со производството на нуклеарните боеви глави со мала моќност со ознаката W76-2, пишува ресурсот Business Insider повикувајќи се на Националната управа за нуклеарна безбедност на САД.

Се наведува и дека боевата глава W76-2 е развиена на база на претходниот тип W76-1, дизајнирана за опремување на американските подморници од класата „Trident“ со нуклеарно вооружување.

Според весникот, новите боеви глави ќе бидат воведени во вооружувањето на Военопоморските сили на САД кон крајот на фискалната 2019 година.

Истовремено, поддржувачите на неширењето на нуклеарното вооружување и бројни демократи во американскиот Конгрес се противат на производството на W76-2.

Минатата година САД соопштија за почеток на развој на перпективните нуклеарни оружја со ниска моќност. Од Пентагон тогаш истакнаа дека производството на нуклеарните глави врз основа на W76-1 нема да доведе до големување на резервите од нуклеарно оружје, односно дека е во согласност со приврзаноста на САД за неширење на оружјата за масовно уништување.