Посетители на националниот парк Литл Макололо во Зимбабве биле сведоци на борба меѓу три лава и слонче, а нивната снимка деновиве е објавена на социјалните мрежи.
Според еден од очевидците на оваа исконска борба за преживување, слонот го забележал лавот којшто се приближувал и гласно „затрубил“ со сурлата, но тоа не го исплашило предаторот, кој се нафрлил на својата жртва и се обидел да ја собори на земјата. Слончето не успеало да се заджри на нозете, затоа што било повредено во нападот.
„Слончето се обидуваше да се исправи по секоја цена, но никако не успеваше. Потоа дојдоа уште два лава. Беше мачно да се гледа како тие се обидуваат да го докрајчат сиромашкото слонче коешто се бореше за својот живот речиси три часа“, изјвила очевидецот Синтија Мек за порталот latestsightnings.
Како резултат на оваа борба на живот и смрт, грабливците излегоа како победници, истакнала жената.