Црвен телефон меѓу лидерите на двете Кореи

Двете Кореи отворија црвен телефон меѓу своите лидери, објави Сеул една недела пред самитот меѓу Мун Јае-ин и Ким Јонг-ин во демилитаризирана зона што го дели полуостровот.

Оваа линија ја поврзува Сината куќа, канцеларијата на јужнокорејскиот претседател во Сеул, со канцеларијата во Пјонгјанг на севернокорејската Комисија за државни прашања, со која претседава севернокорејскиот лидер, што е една од неговите најважни функции.

Штотуку е воспоставена историска врска меѓу лидерите на двете Кореи, рече Јун Кун-јонг, висок претставник на Сината куќа. Пробниот разговор меѓу операторите траел четири минути и 17 секунди, пренесе Гардијан.

Лидерите на двете Кореи ќе се состанат на јужната страна од демилитаризираната зона. Тоа ќе биде само третиот самит од крајот на Корејската војна (1950-1953).