Американскиот претседател Доналд Трамп кон средината на 2018 година, веројатно во јули, би требало да ја посети Велика Британија, најавуваат во саботата британските медиуми повикуввајќи се на владини избори во Вашингтон и во Лондон.
Портпаролката на кабинет на британската премиерка Тереза Меј, одговорила дека сѐ уште во тек се подготовките за поединостите од посетата, пишува весникот The Daily Mail.
Велика Британија сака да ги зајакне „специјалните односи“ со САД во периодот додека се подготвува за напуштање на Европската унија.
Весникот The Daily Telegraph цитира неименуван извор од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп кој рекол дека посетата на Велика Британија може да се случи „доцна летово“. Американската амбасада во Лондон, пак, сѐ уште не ги коментираше најавите.
Многумина британски граѓани и претходно при сличните најави за м ожна посета на Трамп, порачуваа дека масовно ќе протестираат при неговото пристигнување во земјата против неговите политики по низа прашања.