Поранешниот светски рекет број 1, Србинот Новак Ѓоковиќ доживеа шокантен пораз на стартот од турнирот во Барселона. Тој во второто коло беше совладан од 140 носител Мартин Клижан со 2:1 во сетови, со 6:2, 1:6, 6:3.
Ѓоковиќ, кој беше слободен во првото коло, сите го видоа во четвртфиналето, каде требаше да се сретне со Рафаел Ндал, однапред препишувајќи му победи над Клижан, а потоа и врз Фелисијан Лопез, но Словакот приреди сензација и на најдобар начин ги казни зицерите кои Србинот ги имаше во завршницата од мечот.
Ова беше петти натпревар меѓу двајцата тенисери, и прва победа за Словакот.
Откако ја раскина соработката со Андре Агаси, Србинот од неодамна повторно го ангажираше Маријан Вајда за свој тренер.