Локалната самоуправа во Кавадарци се зафати со озеленување на просторот позади зградите ткн „Лепотици” во Кавадарци, делот од градот што своевремено беше запуштен.
Како што појасни Ратка Мукаетова, раководител на работната единица за паркови и зеленило при Јавното претпријатие „Комуналец” од Кавадарци, се припремаат терените и се сее трева. Таа најави дека во овие пролетни активности во целиот град ќе се засеат околу 500 килограми тревно семе, досега се посеани 150.
–Истовремено, работници од комуналното претпријатие вршат косење на тревата околу сите згради во новиот центар, за да се избегне опасноста од змии и глодари, но и да се разубави околината, нагласи Мукаетова.