Управата за хирометоеролошки работи во инфорира дека нејзините метеоролози најавуваат топло време со температура до 31 Целзиусов степен за празничниот ден 1-ви Мај, кога традиционално се посетуваат излетничките места.
Од УХМР информираат дека времето на први мај ќе биде претежно сончево со мала доумерена облачност во попладневните часови ќе има услови за локален развој на нестабилна облачност проследена со краткотраен пороен дожд и грмежи.
Утринската температура ќе се движи од шест до 13, а дневната од 26 до 31 степен.
Топлото време продолжува во наредните денови, со услови за нестабилна облачност со пороен дожд и грмежи во попладневните часови. Од средината на наредната недела се очекува поизразена нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи.