
115 години од смртта на македонскиот великан Гоце Делчев. Аманетот е голем, а предизвикот денес, иако поинаков, еднаков според важноста и тежината на тогашните цели и задачи. Делчев не е само делото, туку и визијата, идејата и пркоста. Македонија мора да се избори за своето достоинство, за она што природно е наше и ни припаѓа, за подобар живот и сигурна иднина, напиша лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на својот Фејсбук профил.
-На Македонија и е потребна силна економија, подобро здравство, компетитивно образование. Така ќе победиме заедно, за сегашните и идните генерации. Така ќе бидеме достојни на нашите великани од минатото. Цврсто сум уверен дека Македонија може и мора подобро!, пишува Мицкоски.