Заев: Хоџа сам се повлекува од советничко место

Премиерот Заев денеска во Охрид изјави дека контактирал со Џезаир Шакири-Хоџа кој му кажал дека бара сам да се откаже од советничката позиција во премиерскиот кабинет.

Шакири ми кажа дека денеска ќе соопшти дека ќе се повлече од позицијата поради реакциите во јавноста. Тој вели дека и него му пречат реакциите и ќе се повлече затоа што си ја сака државата, истакна премиерот Зоран Заев.

Во понеделник владата официјално потврди дека Џезаир Шакири, познат и како командант Хоџа е поставен за надворешен советник на премиерот Заев за областа на внатрешна безбедност и радикализам. Платата и покрај средното образование на Хоџа му изнесуваше 36.000 денари.

Шакири е поранешен пратеник, поранешен припадник на ОНА кој потекнува од Танушевци, а изминатите неколку дена се реемитуваа повеќе негови интервјуа поврзани со критики за работата на ДУИ, но и со недолични коментари за загинатите полицајци во Диво Насеље.