Над од 300 лица, од кои повеќето биле средношколци кои патувале на екскурзија, исчезнале при потонувањето на фериботот утринава во близина на југозападното крајбрежје на Јужна Кореја.
Причините поради кои потонал траектот не се познати. Морето било мирно, а временските услови биле поволни за пловидба. Траектот бил исполнет само до половина од капацитетот. Како што јавуваат светски агенции, сведоци тврделе дека се слушнал силен удар, по што бродот почнал да се накривува.
Патничкиот траект пренесувал 477 луѓе, од нив 164 биле спасени. На бродот имало повеќе од 300 ученици. Јужнокорејското министерство претходно објави дека се исчезнати повеќе од 100 лица, а над 300 се спасени, но за кратко време ја повлекоа таа информација.
Според јужнокорејските медиуми, траектот потонал за два часа. Во спасувањето се вклучиле 18 хеликоптери и 34 воени брода. Во водите се и нуркачи кои трагаат по исчезнатите.