„Кливленд“ оштетен во последните секунди од натпреварот во Оукленд

Судијската комисија на НБА лигата утврдила дека кошаркарите на „Кливленд“ биле оштетени во последните секунди од првиот финален натпреварот против „Голден Стејт“, кој домаќинот го доби со 124:114 по продолжение. По овој драматичен и неизвесен меч најмногу се зборуваше за несфатливиот потег на Џ.Р. Смит, кој по промашеното сободно фрлање од тимскиот колега Џорџ Хил ја освои топката, но наместо да шутне или да влезе кон кошот тој тргна кон центарот и истече времето.

Токму во врска со овој момент судиите увиделе дека направиле грешка, која влијаела на конечниот резултат.
На 4,6 секунди до крајот беше направен фаул врз Хил, кој го погоди првото слободно фрлање за изедначување на резултатот. Тој го промаши второто фрлање и Смит ја освои топката, но „Кливленд“ не успеа да упати удар кон кошот.

Имено, после детален преглед на снимките било утврдено дека кошаркарот на „Голден Стејт“ , Дрејмонд Грин направил прекршок при промашеното второ слободна фрлање на Хил, односно пред време влегол во рекетот. Тоа значи дека судиите требало на Хил да му дадат повторно да го изведе слободното фрлање.
Меѓутоа, тоа не беше единствената спорна ситуација, бидејќи судиите утврдиле дека Грин направил лична грешка врз Леброн Џејмс на 12 секунди до крајот, но истата не била досудена, а судиите во истиот напад го забелеале и досудиле фаулот врз Хил.

Вториот натпревар од големото финале се игра вечерта помеѓу неделата и понеделникот од 2 часот.