Дождот и силните струи ја спречуваат потрагата по преживеаните во бродската несреќа

Потрагата по околу 290 исчезнати при потонувањето на јужнокорејски ферибот продолжува. Досега се пронајдени телата на деветмина загинати, меѓу нив пет ученици и двајца нивни учители. Околу 180 лица се  спасени.
Силните струи, дождот и слабата видливост ја попречуваат потрагата по преживеаните од несреќата на јужнокорејскиот брод која се случи вчера

Властите предупредуваат дека постои голема веројатност бројот на жртвите да биде многу поголем бидејќи тешко дека некој може да преживее 24 часа во вода, со температура околу 12 Целзијусови степени.

Во меѓувреме, повеќе од 400 спасувачи се ангажирани во водите околу бродот. Властите ќе се обидат да го подигнат бродот со специјални кранови, но, според проценките, за тоа ќе им треба најмалку уште еден ден.

Родителите на исчезнатите ученици, со приватни бродови, се вклучиле во  спасувачката операција. Корејските медиуми денеска објавуваат потресни сведоштва за последните разговори или испратени СМС пораки од децата кои биле заглавени во бродот до нивните родители.

1956034920534f6cd780edb522419022_v4 big

Фериботот пренесувал 460 патници и членови на посадата кога потона вчера изутрина покрај југозападниот брег на земјата. Повеќе од 300 патници биле ученици и наставници од исто средно училиште, кои оделе на екскурзија на островот Жежу.

Причините за несреќате се’ уште не се познати.

South Korea Ship Sinking