(ВИДЕО) Гевгелиско семејство најави дека ќе ги скине членските книшки на СДСМ поради криминал на владејачката партија

Во контактната емисија на 24Вести се јави гледач од гевгелиско, кој тврди дека живеел на неколку стотици метри од грчката граница, незадоволен од Зоран Заев и неговите како што вели, лаги, во врска со името, пренесува Инфомакс.

Тој ги покани медиумите да дојдат на границата за да снимат каков криминал се прави откако се променила власта, и се закани дека ќе ги искине членските карти од СДСМ пред телевизија бидејќи гласал за Република Македонија, а Заев ги излажал и го променил името.

Како што вели, се покајале што гласале за Заев, против Груевски.