Единствен виновник за сево ова што ѝ се случува на Македонија, без разлика на етникумите кои живеат во Република Македонија има име и презиме, а тоа е Зоран Заев, истакна во четвртокот претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во текот на гостувањето во Телевизија Алсат-М.
Мискоски посочи дека не се точни обвинувањата за националистички пароли и скандирања на протестите на ВМРО-ДПМНЕ. Истакна, исто така, дека и на двата протеста коишто партијата ги организираше во последниот период не беа забележани такви работи.
„Кога имало во минатото, јас сум бил сведок, и во тој период бев дел од Извршниот комитет, на еден или два протеста, кога се слушнале такви извици, ние како политичка партија сме се оградиле од нив“, рече лидерот на најголемата опозициска партија.