Трамп пристигна во Брисел по целодневната војна меѓу САД и ЕУ околу издвојувањата за одбраната

САД и Европската унија во вторникот водеа војна со зборови околу прашањето за издвојувањата за одбраната, ден пред одржувањето на самитот на НАТО во Брисел, каде што во вторникот ноќта пристигна американскиот претседател Доналд Трамп.

Трамп, кој во Брисел ја започнува европската турнеја којашто вклучува дводневно учество на самитот на НАТО, посета на Лондон и средба со рускиот претседател Владимир Путин во Хелсинки, упорно ги повикува европските сојузници да ги зголемат своите издвојувања за одбраната. Покрај САД, само уште седум европски земји го почитуваат договорот од минатиот самит во Велс во 2014 година за издвојување на 2 отсто од БДП-то.

„Подготовки за заминување во Европа. Прв состанок – НАТО,. САД издвојуваат многукратно повеќе од која и да е друга земја за да ги штити. Не е чесно кон американските даночни обврзници“, напиша Трамп на Twitter.

„Земјите во НАТО мора да платат ПОВЕЌЕ, САД мора да платат ПОМАЛКУ. Многу нечесно!“, додаде подоцна американскиот претседател.

Во меѓувреме во претседателот на Европскиот совет, Доналд Туск, му возврати на Трамп на неговите речиси секојдневни критики кои што им ги упатува на сојузниците.

„Би сакал да му се обратам на претседателот Трамп директно, кој веќе долго и речиси секојдневно ја критикува Европа поради, според неговото мислење, недоволниот придонес за заедничките одбранбени способности и за животот на сметка на САД – Драг претседател Трамп: Америка нема и нема да има подобар сојузник од Европа. Драга Америка, почитувај ги своите сојузници, во крајна линија ги немаш баш толку“, изјави Туск повикувајќи ја истовремено Европа да ги зголеми издвојувањата за одбраната бидејќи „секој очекува сојузник кој е подготвен и опремен“.

Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави во вторникот дека Европа и Канада не треба да ги зголемат издвојувањата за одбраната за да ги задоволат САД, туку дека „во нивен сопствен интерес е тоа да го сторат“.

Пред самиот пат за Брисел, Трамп од градината во Белата куќа пред новинарите ги наброја своите дестинации: „Значи, имам НАТО, имам Велика Британија којашто е во некакви превирања и го имам Путин. Искрено, Путин ми се чини најлесен меѓу нив. Кон би помислил?“, рече американскиот претседател.

„Ќе видиме како тоа ќе оди“, одговори на прашањето за самитот со Путин кој ќе се одржи во понеделник во Хелсинки, а на прашањето за тоа дали Путин му е пријател или непријател, одговори „Тоа сега навистина не можам да ви го кажам. Според моето мислење тој е соперник“.

Токму поврзано со самитот со Путин, Туск на Трамп му порача дека на самитот на НАТО во средата треба да се присети кој му е сојузник, „но пред сѐ кога ќе го сретнете претседателот Путин во Хелсинки. Секогаш е важно да се знае кој ти е стратешки пријател, а кој е стратешки проблем“,