Бројот настрадани од земјотресот во Иран се движи кон 300

© AFP 2018 / Shwan Mohammed

Бројот на настраданите во земјотресот со магнитуда од 5,9 по Рихтер, трет во последните 24 часа, кој го погоди западниот дел од Иран во покраината Керманшах се зголеми на 287 лица, објави во неделата новинската агенција Tasnim наведувајќи го гувернерот на покраината, кој ја коригираше претходно соопштената бројка од 146 настрадани.

Повеќе од 500 луѓе ги загубија животите а уште илјадници беа повредени во големиот земјотрес кој погоди неколку области од покраината Керманшах минатата година. Тогаш, исто така, беа предизвикани и големи материјални штети.

„По последниот земјотрес 287 лица се повредени. Во потресот настрадаа 43 села, 101 објект е целосно уништен“, изјави гувернерот на покраината Керманшах, Хушанд Вазванд. Додал дека повеќе од 800 зданија во селата и градовите, меѓу кои и Салас-е-Бабаџани кој беше погоден од силен потрес и во ноември 2017 година, во покраината се значително оштетени. Во моментов се работи на нивното санирање и расчистување на урнатините, додал.

 

Третиот во последното деноноќие со магнитуда од, 5,9 степени ја погоди во неделата западната покраина Керманшах и бил почувствуван на целата нејзина територија. Претходно, два земјотреса со магнитуди од 4,7 и 5,7 степени истиот ден ја погодија јужната покраината Хормозган. Претставниците на службите за вонредни состојби објавија дека на теренот се испратени 15 спасувачки тимови.