Најмалку 27 војници загинаа при експлозијата на автомобил-бомба на членовите на екстремистичката група Ал Шабаб во воената база на Бар Сангни во јужниот дел на Сомалија. Групата соопшти дека ја завземала базата и дека некои војници избегале во џунглата, пренесува Ројтерс.
Ал Шабаб се бори да ја собори централната власт за да го воспостави своето владеење со строго придржување кон шеријатскиот закон. Екстремистите ја нападнаа оваа воена база и во јуни, кога беа ранети седум војници.
Името на групата на арапски значи “младост” или “млади”.
Тие го претставуваат радикалното младинско крило на забранетата Унија на исламски судови во Сомалија, која го контролираше Могадишу во 2006 година, пред армијата да ја избрка Унијата.
Како терористичка група, тие беа забранети од САД и Велика Британија, а се верува дека има меѓу 7.000 и 9.000 борци.