Шпанскиот интернационалец од редовите на актуелниот светски и европски клупски шампион, Баерн Минхен, Хави Мартинез јавно призна дека не сакал во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони, да игра против најтрофејниот клуб во Примера дизвион, Реал Мадрид.
“Факт е дека Реал Мадрид игра се подобро и подобро, делуваат покомпактно, делуваат многу моќно. Искрено, Реал Мадрид за мене беше најмалку посакуваниот противник во полуфиналната рунда од Лигата на шампиони. Нема потежок противник. Реал Мадрид е најопасен кога се во прашање контра нападите. Истовремено мора да внимаваме на Ди Мариа, на Роналдо и на Бејл. Не знам дали Роналдо ќе биде во комбинација за првиот натпревар, но ако игра, сигурно ќе направи големи проблеми пред нашиот гол”, изјави најскапата аквизиција во клупската историја на баварскиот гигант.
Првиот полуфинален дуел помеѓу Реал Мадрид и Баерн Минхен ќе се одигра утре со почеток во 20:45 часот.