Според пишувањето на „Скај Спорт“, „Интер“ го сака Лука Модриќ, кој наводно не ја отфрлил можноста за трансфер во дресот на „нераѕурите“. Во Милано очигледно сакаат да направат хрватска колонија, па по трансферот на Врсаљко тргнаа и по капитенот на Хрватите.
Сепак, тој е еден од најважните играчи на „Реал“ Мадрид и го гледаат како лидер на тимот по заминувањето на Роналдо, заедно со Герет Бејл. Од друга страна, Модриќ не е млад и цената ќе му паѓа во наредните години, па сега „Реал“ може да заработи од трансферот.
„Интер“ по шест сезони се враќа во ЛШ, па сака квалитетно да се засили на позицијата за врска. Доколку не успат со Модриќ, како резервна опција им е Артуро Видал.
Хрватот во Мадрид дојде во 2012 година од „Тотенхем“ во трансфер вреден 30 милиони евра по што со „Реал“ освои четири титули во ЛШ.