Јакната на Хан Соло од „Ѕвездени војни“ на наддавање за 1,3 милиони долари

Јакната што ја носи Хан Соло, главниот лик во петтото продолжение од филмската франшиза „Ѕвездени војни“ под наслов „Империјата го возвраќа ударот“ од 1980 година, кој го толкува Харисон Форд, е понудена на наддавање во Лондон за милион фунти, односно 1,3 милиони американски долари.

Оваа јакна, заедно со уште неколку стотини експонати ќе бидат претставени на септемвриското наддавање на аукциската куќа Prop Store која работи со меморабилии од светската кинематографија. Тие вклучуваат „некои од најпознатите иконски кинематографски артефакти од нашето време“, се наведува во соопштението.

Така на аукцијата ќе биде понуден шлемот на императорските трупи од филмот „Нова надеж“ од 1977 година, која првично е проценет на 78.800 долари. Слична прекривка за глава од осмото продолжение „Последниот џедај“ од 2017 година ќе биде понудена за 65.600 долари.

Во јуни „бластерот“ на Хан Соло беше изложен во просториите на аукциската куќа во Њујорк откако 30 години беше сопственост на Џејмс Шоп, уметничкиот директор на „Враќањето на Џедајот“ кој конечно се одлучи да се оддели од славниот предмет и да го даде на продажба.

Лажниот ласерски пиштол, речиси целосно направен од дрво, кој Харисон Форд во улогата на Хан Соло го користеше во филмот „Враќањето на Џедајот“ од 1983 година, е продаден на наддавање за 550.000 американски долари, на аукцијата на Julien’s Auctions.

Овој експонат ја мина целата мрежа музеи основана од Американецот Роберт Рипли (1890-1949), во која се изложени најнеобичните примери на светската култура.

Моделот на друг „бластер“ од серијалот „Војна на ѕцедите“ беше продаден за малку над 90.000 долари.