Харви Вајнстин и неговата наводно главна жртва биле во интимна врска многу години по настаните од обвинението, тврди одбраната на американскиот продуцент обвинет за силување. Неговите адвокати ова го поткрепиле со електронски пораки кои двајцата си ги разменувале.
Оваа жена е една од трите наводни жртви наведени во обвинението која продуцентот ја силувал, а другите две ги нападнал. Според нејзиното сведочење, силувањето се случило во март 2013 година.
Во жалбата за поништување на постапката, која има повеќе од 150 страници, адвокатите на Вајнстин вчера ги претставиле пред судот деловите од кореспонденцијата која, како што тврдат, сведочат за непрекинатата љубовна врска која траела најмалку до 2017 година.
Некои електронски пораки биле испратени само неколку недели по настаните во обвинението и покажаа дека жртвата повеќе пати сакала да се сретне со Вајнстин.
Се надевам дека ќе се видиме денес. Можеме да ручаме ако имаш време, пишува во некои пораки.
Одбраната укажува дека наводната жртва, чие име не е обелоденето, се обраќала со „тон што несомнено е срдечен“.
Се уште те сакам. Но го мразам чуството дека ти служам само за кревет, пишува во пораката од 8 февруари 2017 година.
Адвокатите тврдат дека оваа реченица покажува дека наводната жртва „признава дека се согласувала на интимни врски со Вајнстин“.
Тимот на одбраната го води адвокатот од Њујорк, Бенџамин Брафман, кој го советуваше Доминик Штраус-Кан, поранешен прв човеј на ММФ во случајот на Нафисатоу Дијало, собарка од хотел во Њујорк која го тужеше за силување.