Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро преживеа напад со дронови за време на свој говор. Инцидентот се случи за време на негово обраќање на воена парада по повод одбележувањето на 81-годишнината од формирањето на Националната гарда во Каракас, кога експлодирале два дрона што носеле експлозив. Притоа, повредени се седум војници.
Мадуро изјави дека го преживеал нападот „благодарение на Бога, народот и армијата“ и ја обвини Колумбија и американската држава Флорида, каде живеат голем број жители од Венецуела во егзил за „десничарскиот заговор да го убијат“.
Во телевизоско обраќање неколку часа по нападот тој нагласи дека тоа било обид за атентат и оти се укажува на заговор на десничари од соседна Колумбија, што според него е резултат од прелиминарната истрага.
Тој изјави дека неколку организатори се уапсени, но не откри детали. Одговорност за нападот презеде малку позанатата група Национално движење на војници.
Колумбиското Министерство за надворешни работи цврсто ги отфрли обвинувањата на претседателот на Венецуела Николас Мадуро дека неговиот колумбиски колега, Мануел Сантос, е одговорен за обид за атентат врз него , информира ТАСС.