Приватните специјализанти запишани во јануари годинава преку отворено писмо до премеирот Заев, бараат да се почитуваат дадените ветувања.Министерто Филипче за Канал 5 вели дека проблемот ќе биде надминат следниот месец.
Приватните специјализанти ќе земаат плата и тоа ретроактивно ќе им биде исплатена целата сума на пари од моментот кога почнале да работат во клиниките, изјави министерот за здравство Венко Филпче за Канал 5.
Изјавата и потврда за платите на приватните специјализанти доаѓа одкако седумдесет специјализанти преку отворено писмо адресирано до премиерот Зоран Заев бараат да се почитуваат дадените ветувања дека приватните специјализанти ќе бидат платени за нивниот труд и дека повеќе да не бидат деградирани.
Тие во писмото потенцират дека плата мора да има за сите приватни специјалзанти и дека друга опција повеќе не прифаќаат.