Петте митови за полнењето и траењето на батериите на мобилните

Постојат многу тврдења за тоа што е добро или лошо за животниот век на батериите на мобилните телефони, меѓутоа се поставува прашањето што од тоа е вистина? Ова се петте најчести заблуди кога станува збор за трајноста на батериите.

 

1. Батеријата треба да биде празна или речиси празна пред полнењето

Ова важо единствено доколку се користат никел-кадмиумови батерии чијшто капацитет опаѓа доколку мобилниот прерано или пречесто се полни. Литиум-јонските батерии, какви што се користат во модерните паметни телефони, со тоа немаат никаков проблем.

 

2. Користењето на полначот кој не сте го добиле со уредот ѝ штети на батеријата

Нема погрешен полнач кога станува збор за новите паметни телефони кои за полнење користат УСБ приклучоци. Разликата е исклучиво во брзината на полнењето, бидејќи сите мобилни уреди немаат можност за брзо полнење.

 

3. Новиот мобилен првиот пат треба максимално да се наполни

Некогаш беше така, како практика пред појавата на литиум-јонските батерии. Денес секој корисник самостојно одлучува дали до крај ќе го наполни уредот и притоа не треба да се грижи дали одлуката ќе влијае врз капацитетот на батеријата.

 

4. Честото приклучување и исклучување на мобилниот ја намалува трајноста на батеријата

Ова е уште една заблуда. Точно е дека жвотниот век на батеријата содржи одредена бројка циклуси на полнење, но и еден циклус може да се состои од неколку поединечни полнења.

 

5. Секогаш наполнете го мобилниот уред до максимум

И ова не е точно. Оптималното ниво на наполнетоста на батеријата на паметните телефони се движи меѓу 30 и 70 отсто. За зачувување на на батеријата подобро е да се полни во неколку покуси временски интервали, отколку секогаш до максимално до 100 отсто.