Во петокот вечерта на поведите им подлегна и вториот параглајдерист, кој со тешки повреди беше префрлен претходно во петокот на медицинска интервенција во болницата во Прилеп, по пад кај Мечкин Камен крај Крушево.
Наталија Спирова началник на оделение за односи со јавјист при МВР, за аенцијата МИА, потврди дека двајцата параглајдеристи се странски државјани, од кои едниот е со украинско, а другиот со британско државјанство.
Трагичниот настан се случил денеска околу 12.40 часот, кога двајцата параглајдеристи паднале кај Мечкин Камен. Едниот загинал на самото место, а вториот со тешки повреди беше префлен во шрилепската болница.
Од МВР, засега не соопштуваат други подиности за настанот. Претходно полициски службеници направија увид на местото на несреќата