Порно филмовите понекогаш можат да бидат добар поттик за двојките во сексуалниот живот, но морате да бидете свесни за фактите дека тоа е само филм и нема врска со реалноста.
Сите имаат оргазам за паметење
Во реалниот живот, нормално изгледа различно. Било која личност во врската знае дека жената пoнекогаш не постигнува оргазам, но тоа не е проблем ако и двајцата се чувствуваат убаво. Понекогаш е само лош ден, а понекогаш е потребно повеќе труд.
Секс маратон
Во порно филмовите сексот трае и трае, а сите знаат колку понекогаш сексот набрзина е добредојден. Во ситуацијата која немате време за маратонски секс и обврските ве притискаат, саканата личност тоа ќе го разбере и ќе се впушти во брза, возбудлива игра без размислувања.
Свет без влакна
Ретко која жена има секогаш совршено средени препони како што имаат актерите во филмовите. Добро знаеме дека влакната растат постојано и секогаш ги има меѓу две депилации.
Егзибиции во филмовите
Порно филмовите имаат тенденцијада покажаат невообичаени пози. Тоа не е ништо страшно додека не сфатите дека тие воопшто не знаат за некои класични пози и ви создваат вина поради „обичен секс“. Сексуалниот терапевт Бренди Енглер за Womans Health истакнува дека единствено што е важно да се забавувате во кревет.
Вечното прашање за кондомите
Како и многу други работи, мажите во порно филмовите имаат совршени тела, но и еден голем недостаток-не користат кондоми. Сексот на почетокот на врската мора да биде заштитен и немојте да се согласите на ништо помалку.