Сашо Тасевски е назначен за нов директор на Бирото за јавна безбедност (БЈБ), објави во вторникот вечерта Press24, повикувајќи се на високи извори во Министертвото за внатрешни работи, а одлуката се очекува во среда да мине на седница на Владата.
Тасевски кој во јавноста стана познат како полицискиот службеник од обезбедувањето на премиерот Зоран Заев кој извади и употреби огнено оружје во инцидентите во Собранието на 27-ми април, доаѓа на местото на разрешениот Лазо Велковски кој беше отстранет од должноста по аферата со користењето на службеното возило за летување на неговата ќерка.“.
Инаку Тасевски е магистер по безбедност и докторант на Факултетот за безбедност во Идризово. Од 2001 година има работено кај тогашниот претседател на државата Бранко Црвенковски, во одделот за странски делегации, потоа кај актуелниот министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.
На почетокот на кариерата бил припадник на единицата за специјални задачи „Тигар“. Има посетувано курс за обезбедување ВИП личности во САД, во 2004 година.