Егзодусот од Венецуела достигнува критична точка

Егзодусот на емигрантите од Венецуела достигнува критичка точка што може да се спореди со настаните поврзани со имигрантите на Медитеранот, наведе во петокот вечерта агенцијата за миграции при Обединетите нации.

Сѐ поголем е бројот на лицата кои бегаат пред економскиот колапс и политичките безредија во Венецуела, поради што расте заканата дека ќе ги преплават соседните земји. Функционери од Колумбија, Еквадор и Перу ќе се сретнат во Богота следната седмица во обидите да најдат решение. Еквадор и Пери претходно во август ги заострија правилата за добивање визи за Венецуелците, барајќи да поседуваат исправни пасоши, а не само лични карти. Истовремено организирани насилници во Бразил враќаат стотици имигранти преку границата.

Опишувајќи ги наведените случувања како рани предупредувања, портпаролот на Меѓународната организација за миграции (IOM), Џоел Милмен, изјави дека мора да се мобилизираат финансиски средства за управување на иселувањето на Венецуелците.

„Во моментов ситуацијата се приближува до критичната точка, за што бевме сведоци во другите краеви од светот, особено на Медитеранот“, рече Милмен на прес-конференција.

Во четвртокот IOM и UNHCR ги повикаа државите од Латинска Америка да го олеснат влегувањето на нивните територии на за повеќе од 1,6 милиони Венецуелците, коишто ја напуштиле земјата од 2015 година. Портпаролот на UNHCR, Андреј Махечич,м во петокот ги пофали напорите на властите и пока поткапацираноста. Меѓутоа, предупреди на „вознемирувачките фотографии“ кои се појавија во регионот изминатата седмица. „Растечката стигматизација на оние кои биле принудени на побегнат, ги загрузува напорите за нивна интеграција“, додаде.

Венецуелскиот министер за информирање, Хорхе Родригез, изјави во петокот дека со пакетот нови економски реформи ќе се направат обиди да се намали хиперинфлацијата, но и Венецуелците би требало да се вратат во својата земја. Во понеделникот беа избришани пет нули од цените и валутата се врза за петрото, нафтената криптовалута. Критичари овој план го сметаат несоодветен во време на инфлација за којашто оваа година се предвидува дека ќе достигне милион отсто.

„Заклучокот е дека Венецуелците ќе се вратат и ние ги повикуваме да се вратат, бидејќи ни се потребни за планот за закрепнување“, рече министерот Родригез на конференција за медиумите.